речник контакт

Вештаците: Сведокот ја менува изјавата за да се заштити себе си

Тие оставија на судот да процени кога клучниот сведок ја зборувал вистината, иако тој не бил склон кон фантазирање и измислување

Петар Печков

Психијатрите вештаците  кои сведочеа во случајот убиството во селото Ореше, оставија на судот да процени кога  клучниот сведок ја зборува вистината.  Тие  само потврдија дека  заштитениот сведок ,,Бреза,, сега Златко Арсовски не е склон кон фантазирање и претерување на работите. Ова се случи на  рочиштето, во Основниот суд во Велес кое продолжи со сведочење на стручните психијатриски лица од ЈЗУ Психијатриска клиника Скопје а по двете различни изјави на главниот сведок. Во првото тој тврдеше дека обвиените се сторителите, за потоа да ја смени изјавата но и да побара да му биде симнато својството заштитен сведок, оти не му биле исплатени бараните средства.

Сведокот сам проценува тоа што кажал, во две различни верзии за ист настан. Тоа го прави за да се заштити себе но не знаеме од што и зошто.  И двете верзии на изјавата не  се апсурдни и се  логични. Препуштаме ан судот да процени кога тој ја зборува вистината – рече психијатарот д-р  Весна Керазова Пејовска, која заедно со две нејзини колешки го вршела вештачењето врз Арсовски. 

Потоа во судницата се соочија заштитениот сведок Арсовски и Соња Арсовска, која на претходното рочиште кажа дека тој и признал, дека обвинетите се сторители. Ова тој го сторил во  селото ореше и тоа по негово барање, без таа да бара нешто од него.  Златко Арсовски овие тврдење на неговата подалечна роднина ги оквалификува како измислици, работи кои таа  заедно со сопругот Вељо ги прават за да му  наштетат нему и на обвинетите. 

Судот завршните зборови  во ова трето судење ги закажа за 26-ти март. Во претходните два процеси браќата Ордан и Љупчо Ѓоргиевски , како обвинети за сторители ан делото беа осудени  по 12 години а Апелација го враќаше предметот на ново судење.  Како нарачател на делото за сума од 20 илјади долари обвинителството го товари Ѓоре Петровски, којво 2011-тата година во август беше испорачан во Македонија од САД. Тие тројцата се обвинети  дека стојат зад убиството на Лазо Милошевски ( 73 год) кое се случи на 2-ри декември 2005-тата година во селото Ореше.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »